Кими Раиконен очекува принова

Од:

Возачот на Формула 1 Кими Раиконен и неговата девојка Минту Виртанен првпат ќе станат родители.

Минту го придружуваше Кими на повеќето овогодишни трки од Светското првенство на Ф1, а би требало да роди кон почетокот на 2015 година.

Оваа вест го развесели и шефот на тимот на Ферари Лука ди Монтеѕемола и на Финецот му честиташе на неговата официјална страница.

Раиконен веќе беше оженет, односно во 2004 година стапи во брак со Мис Скандинавија 2001 Џени Дахлман, а се разведоа во февруари минатата година.

Сестраниот Кими, кој 20 пати славеше на трките на Ф1, често игра хокеј и се занимава со бординг на снег, а по три сезони минати возејќи рели, во Ф1 се врати во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес