Кими Раиконен најбрз на влажната патека на последниот тест во Барселона

Од:

Денеска беше последниот ден од тренинзите во Барселона, а возачите на Ферари по втор пат во изминативе четири дена поставија најбрзо време.

Кими Раиконен беше 0.897 секунди побрз пред Макс Ферстапен од Ред Бул на денешните тренинзи за гумите за дожд.

Луис Хамилтон денеска не возеше откако во тимот на Мерцедес откриле проблем со електорниката на болидот, додека неговиот тимски колега Валтери Ботас беше осми.

Последниот ден од тренинзите во Барселона беше за тестирање на новите гуми за влажно време.

Гумите за силен дожд минатата сезона беа критикувани дека брзо се распаѓале и не ги задоволувале потребните побарувања, но возачите оценуваат дека сега е направен голем напредок.

Времиња од денешниот тренинг:

1. Кими Раиконен (Ферари) 1:20.872
2. Макс Ферстапен (Ред Бул) 1:21.769
3. Џолјон Палмер (Рено) 1:21.778
4. Ромаин Грожан (Хаас) 1:22.309
5. Антонио Џиованази (Заубер) 1:22.401
6. Серхио Перез (Форс Индија) 1:22.534
7. Штофел Вандорн (Мекларен) 1:22.576
8. Валтери Ботас (Мерцедес) 1:23.443
9. Нико Хулкенберг (Рено) 1:24.974

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес