Формула 1 тимот на Ферари соопшти дека го продолжиле договорот со финскиот фозач, Кими Раиконен и дека тој за италијанскиот тим ќе вози и следната сезона.
Тоа ќе биде петта сезона на Кими Раиконен во Ферари по враќањето во 2014. година, откако претходно возеше за нив од 2007. до 2009. кога успеа и да стане светски шампион.
Следната сезона ќе биде и четврта каде што финецот ќе вози како тимски колега на Себастијан Фетел, а и покрај се подобрите резултати, Раиконен нема забележано победа откако се врати во Ферари, а последната победа за „црвените“ му е во 2009. година на Белгиското гран при.