Ракометарите на Кил постигна победа на гостувањето во Истанбул против Бешикташ на првиот дуел од 13.коло од Лигата на шампионите.
Кил оствари триумф со 32:27 и со тоа само го потврди 4.место во групата А без шанси за пласман некое место повисоко.
Во редовите на Бешикташ македонскиот репрезентативец Немања Прибак постигна еден гол.
Вечерва во рамките на Б група, Барселона со Кирил Лазаров ќе гостува кај Кристијанштад.
Другите натпревари од 13.коло се играат во деновите од викендот.
А група: Бешикташ – Кил 27:32, Флензбург – Веспрем, Висла – ПСЖ и Цеље – ППД Загреб.
Б група: Кристијанштад – Барселона, ПИК Сегед – Вардар, Монпеље – Киелце и Рајн Некар Ловен – Колдинг.
Табела А група: Флензбург 20 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 19, Кил 15, ППД Загреб 9, Висла 8, Цеље 5, Бешикташ 2.
Табела Б група: Барселона 19, Киелце 17, Рајн Некар Ловен 15, ПИК Сегед 15, Вардар 14, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.