Ракометарите на Барселона нема да ја браната европската титула, откако испаднаа во четвртфиналето од Кил. Барселона во реваншот славеше со 33:30, но не успеа да ја надолни негативата од првиот натпревар, во кој Кил победи 29:24.
Барселона против Кил, на нешто повеќе од пет минути до крајот имаше предност од пет голови (31:26), но Кил благодарение на Канељас и голманот Ландин успеа да го издржи притисокот и да го елиминира фаворитот.
Канељас и Вујин со по шет голови го предводеа Кил, ист број на голови за Барселона постигна Ентрериос. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров натпреварот го заврши со пет голови.
Кил им се придружи на Веспрем и Кјелце, кои претходно изборија пласман на завршниот турнир, а последен патник ќе биде ПСЖ. Францускиот тим, в недела, ќе го одигра реваншот против ППД Загреб, кој ќе биде само формалност бидејќи ПСЖ во Загреб славеше 28:20.