Кик боксинг федерацијата на Македонија од денеска до 15 февруари годинава ќе учествува на Европскиот куп во Карловац, кој во светската WAKO федерација е виско рангиран.
Македонија ќе ја претставуваат Викторија Варадинова, Божјидар Јанков, Јована Арсова и Стефан Сандев од КБК „Гладијатор“ од Штип во катергорија кик лајт и лајт контакт. Азрет Зекири, Фурак Асани, Бајром Рамадани, Елмаз Ракипи, Елвир Нуредини и Јакуп Исејни од КБК „Сен Сеи“ од Гостивар во кик лајт категорија. Додека Рамадани Хадис од КБК „Еико“ од Скопје, Илиоски Бобан од БКБ „Шампион“ од Скопје, Ѓорѓиев Димитар од КБК „Гладијатор“ од Неготино и Милан Кубин од КБК „Гладијатор“ од Скопје во лоу кик категоријата.
Тренер на македонската кик бокс репрезентација е Драган Атанасовски. Тој ќе ја предводи македонската експедиција и ќе таргетира можни членови на Македонската репрезентација за активностите на меѓународно поле годинава. Кирил Нацев, Шенол Асенов и Самир Нуредини се останатите тренери од клубовите од Штип и Гостивар кои ќе патуваат за Карловац.