Кик-боксерите задовлни од настапот на „Србија Опен“

Од:

Трите освоени медали на првиот годинашен меѓународен турнир Србија Опен“ се причина за задоволство во македонската кик-бокс репрезентација.

– Во многу силна конкуренција освоивме една златна и две сребрени медали, а можеше сите три да бидат златни доколку имавме повеќе среќа, пореално судење и доколку не се случеа повреди изјави тренерот Александар Стојковски на денешната прес конференција.

Тој потенцира дека овој успех не е случаен и дека биле точно утврдени дисциплините од кои се очекувал најголем успех.

Златниот медал на Македонија и го донесе Димитар Ѓеоргиев во категоријата -79 кг.

Ненад Манајловски во категоријата -69 кг. и Далибор Огненов во категоријата -75кг. освоија сребрени медали.

На турнирот настапија преку 100 кик-боксери од Македонија, Словенија, Унгарија, Република Српска и домаќинот Србија.

Следните главни предизвици за нашите репрезентативци во овој спорт се успешните настапи на двете светски првенства кои ќе се одржат кон крајот на годината, едното во Бразил, а второто во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нокаут со колена: Борба на српски и косовски кик боксер

Предраг Петровиќ

Чимаев за две минути го „суреди“ Холанд па порача: Ќе ги убијам сите!

Македонските кикбоксери освоија 65 медали на „Балканс бест фајтерс 6“

Ана Ололовска

Македонскиот кик боксер Бобан Илиоски со нокаут во првата рунда стигна до голема победа во Белград

Катерина Ѓуровски

Златните момчиња од Кик-боксинг клубот „Ас“ на прием кај градоначалникот Трајковски

Ана Ололовска

Делчевските кик-боксери со пет медали ја започнаа новата натпреварувачката сезона

Ана Ололовска