Киелце противик на Металург во четвртфиналето

Од:

Македонскиот ракометен првак Металург на денешеното извлекување во Виена за противник го доби полскиот Киелце, екипа против која играше во групата од Лигата на шампионите.

На двата дуела победи полската екипа, но ова ќе биде шанса за реванш. Во Скопје резултатот беше 21:20, а во Киелце 23:21.

Ова е воедно дуел на два дебитанта во оваа фаза од натпреварите, што значи дека на завршниот турнир во Келн сигурно ќе има барем еден дебитант.

Генералниот секретар на Металург Зоран Цветановски истакна дека е задоволен од жребувањето и тоа што за противник во четвртфиналето го доби Киелце.

– Со Киелце игравме два меча кои ги изгубивме. Но, и во двата меча игравме мошне добра игра 50 минути, а ги загубивме во последните 10 минути. Се надевам дека на овие претсојни два меча ќе играме добри 60 минути и ќе успееме да се пласираме во пулуфинале, изјави Цветановски за ЕХФ ТВ.

Додаде дека влегувањето на Металург во четвртфиналето е голем и историски успех за македонскиот клубски ракомет и оти тоа е мотив повеќе за играчите да дадат се од себе и во претстојните натпревари.

Од полскиот клуб Киелце сметаат дека на претстојните два натопревара нема фаворит и оти и двата тима имаат шанса да победат. Се надеваат дека повредениот Иван Чупиќ ќе може да игра на натпреварите во четвртфиналето. Неизвесен е и Гжегож Ткачик кој се повредил на последниот натпревар.

Интересно е дека со исклучок на дуелот Атлетико Мадрид – Барселона и другите двојки се екипи кои играа во иста група. Ова значи дека екипата на Кирил Лазаров ќе има тешка задача да ја мине Барселона.

Другите четвртфинални двојки се:

Атлетико Мадрид – Барселона, Кил – Веспрем и Флензбург – Хамбург.Првите натпревари се играат во терминот од 17 до 21 април, а реваншите од 24 до 28 април.

Првиот натпревар меѓу Металург и Киелце се игра во Скопје.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска