„Киа“ во Женева претстави четири нови турбо мотори

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Киа“, во Женева претстави четири нови турбо ГДИ мотори, соопшти вчера компанијата.

Моторите ги следат најсовремените трендови во автомобилската индустрија, а тоа се намалување на работната зафатнина, помалата потрошувачка на горива и помала емисија на штетни гасови.

Новост е трицилиндричниот Капа 1.0 Т-ГДИ мотор, што развива 100 или 120 КС (исто како кај постојниот четирицилиндричен мотор) и овозможува 10 до 15 отсто помала потрошувачка на гориво.

Новиот Капа 1.2 Т-ГДИ е четирицилиндричен мотор со зафатнина од 1.248 сантиметри, а овој мотор ветува слични перформанси како постојниот 1,6-литарски мотор.

Со развојот на новата гама мотори 1.6 Т-ГДИ Гама од 1.591 кубни сантиметри ќе извлече 204 КС и 265 Нм обртен момент.

Најсилниот мотор ќе биде новиот 2.0 Т-ГДИ четирицилиндричниот Тета-II мотор со сила од 245 КС.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on