„Киа “ во 2016. го исфрла малиот кросовер „Ниро“ што ќе се движи на хибриден погон

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Киа“ во првата половина на 2016 година ќе го лансира глобалниот модел „Ниро“, со што оваа компанија ќе им се придружи на другите производители на автомобила кои имаат кросовер возила во својот поткомпактен сегмент.

Првите дизајнерски цртежи покажуваат дека, за разлика од истоимениот концепт од 2013 година што имаше три врати, серискиот „Ниро“ ќе има пет врати и ќе биде малку поголем.

Скиците не го одразуваат реалистичниот изглед на идниот автомобил, но укажуваат дека новиот кросовер ќе ги преземе стилските елементи од најновата генерација на СУВ моделите „Спортејџ“ и „Соренто“.

„Киа“ соопштува дека при обликувањето на каросеријата големо внимание е посветено на аеродинамичките карактеристики за да се намали отпорот на воздухот и да се зголеми економичноста во возењето.

„Ниро“ ќе биде придвижуван од хибриден систем што се состои од 1.6- литарски атмосферски бензинец со 105 кс (77 кW) и 147 Нм, електромотор и батерии од 1,56 кWх.

Силата врз тркалата ќе се пренесува со помош на шестбрзински менувач со двоен кумплунг.
Кросоверот во продажните салони ширум светот ќе пристигне во првата половина на 2016 година, а премиерата треба да  се очекува на некој од поголемите саеми на автомобили кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ