ФОТО: Киа концепт Ново

Од:

Киа на домашниот Саем на автомобил во Сеул претстави компактна купе-лимузина, концепт Ново.

Концептот Ново го најавува новиот стилски тренд на Киа што би можело да го очекуваме кај новите сериски модели на компанијата.

Киа Ново концепт 2

Станува збор за компактен автомобил, што ги обединува карактеристиките на седан и спортски линии на купе, со мала ретро нота. На предниот дел впечатлива е карактеристичната Киа маска „тигров нос“.

Задниот дел на возилото потестува на американските „масл кар“, со специфичен браник со симетрично поставени трапезоидни издувни цевки.

Киа Ново концепт 3

Впечатокот во внатрешноста е многу успешно дизајниран автомобил со складен, минималистички ентериер и квалитетни материјали. Во кабината има простор за четири парници, а возачот до повеќето функции може да пристапи со „тач пад“ команди на долниот дел на централната конзола. Класиниот централен екран осетлив на допир е заменет со 3Д холограм на кој се  претставуваат сите информации.

Киа Ново концепт 4

На десната страна од управувачот се наоѓа читач на отисок на прсти, врз основа на кој се идентификува возачот и автоматски се активираат претходно поставените и меморирани карактеристики за тој возач.

За погон е употребен четирицилиндерски 1,6 литарски трубо-бензински мотор со непознати спецификации, кој е поврзан со неодамна претставениот седумстепен автоматски менувач со две спојки. Силата се пренесува на предните тркала.

Киа Ново концепт 5

Киа Ново е претставена на 20 инчни алуминиумски фелни и специјални нископрофилни пневматици со намален отпор. Сепак, Киа објави дека сериската верзија не е во план.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ