„КИА“ е најдобриот автомобилски бренд во САД во 2016

Од:

Јужнокорејскиот автомобилски гигант „КИА“ е најдобриот автомобилски бренд во САД за 2016 година, покажа истражувањето на IQS  (Initial Quality Study), спроведена од страна на агенцијата Ј.Д. Пауер.

Корејскиот производител зад себе остави 33 автомобилски марки во САД, што беа опфатени со истражувањето, а за првпат во последните 27 години на врвот на листата се најде авто-бренд што не припаѓа на премиум сегментот.

Главната заслуга за овој резултат им припаѓа на моделите „Спортејџ“ и „Соул“, што ги зазедоа првите места во своите категории, додека „Рио“, „Форте“ (Керато) и „Соренто“ беа меѓу првите три во своите класи.

Продажбата на автомобилите на „КИА“ во САД бележи раст во последните четири години и изнесува 600.000 возила годишно. 

Откако во 2013 година „КИА“ за првпат влезе меѓу првите десет брендови, во 2015 година го освои второто место, а во 2016 година ги надмина сите вклучувајќи ги и луксузните мерки и на првото место го смени минатогодишниот победник – „Порше“.

Истражувањето на квалитетот на Ј.Д. Пауер се спроведува веќе 30 години, а се анализираат одговорите на сопствениците на автомобили во 26 сегменти. Почетниот квалитет на возилата е одреден преку неколку критериуми, а сопствениците на возилата го оценуваат искуството во возење, квалитетот на моторот и менувачот. Исто така, се анализира и широк спектар на проблеми поврзани со кавалитетот во првите 90 дена од сопственоста на возилото. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ