Кевин Дурент најдобар кошаркар во САД за 2021 година

Од:

Откако го освои својот трет олимписки златен медал изминатото лето на Игрите во Токио, Кевин Дурент е прогласен за кошаркар на годината во САД за 2021 година.

– Толку многу големи спортисти произлегуваат од кошарката во САД и општо репрезентациите во сите спортови, и затоа да се биде избран за еден од врвните спортисти е чест. Многу сум благодарен за можноста и благодарен што ја добив оваа награда, вели Дурант.

Ова е трет пат кошаркарот на Бруклин нетс да биде награден како кошаркар на годината во САД. Претходно, наградата ја доби во 2010 година, а во 2016 година ја подели со Кармело Ентони.

Дурент стартуваше во сите шест олимписки натпревари за САД, и имаше просек од 20,7 поени, 5,3 скока и 3,7 асистенции по натпревар.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он