Кевин Дурант ќе потпише нов договор со Голден Стејт

Од:

Ѕвездата на Голден Стејт Кевин Дурант ќе потпише нов договор со тимот, објави „ЕСПН“.

Крилото потпиша двегодишен договор минатото лето во вкупна вредност од 51 милиони долари, кој има опција да биде прекинат по првата година. Според американското издание, Дурант ќе го искористи ова право, а потоа ќе потпише нов, најверојатно поголем, договор. Максималниот договор што тој може да го добие сега е за четири години во вредност од 158 милиони долари.

Во минатата година, кога го потпиша актуелниот договор, Дурант се согласи да добие околу 10 милиони долари помалку од максималната можна сума, за да има опции пред раководството да го продолжи договорот со бекот Шон Ливингстон и со крилото Андре Игудала.

Просечните индикатори на 210-сантиметри високиот Дурант во регуларната сезона во НБА оваа година се 26,4 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции во 68 натпревари.

Голден Стејт води со 3:0 во победи против Кливленд во финалната серија и има потреба од само еден успех во некој од наредните четири натпревари за да ја освои втората по ред и трета титула во последните четири години.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот