Тренерот на Голден стејт, Стив Кер призна дека очекувал тешки натпревари против Хјустон во финалето од плејофот на Западната конференција.
Хјустон во четвртиот натпревар го совлада актуелниот шампион со 95:92 и изедначи во финалната серија со 2:2.
– Минатата сезона беше лесно, но годинава воопшто не е така. Ова е НБА плејоф, односно емотивен и физички ролеркостер. Меѓутоа, мора да продолжите да се движите, истакна Кер.
Следниот натпревар од финалната серија меѓу Голден стејт и Хјустон се игра ноќта меѓу четврток и петок.