Кер: Леброн е неверојатен играч

Од:

Тренерот на Голден стејт вориорс, Стив Кер, не штедеше пофални зборови за играта на најдобриот кошаркар на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, по првиот натпревар меѓу двата тима во големото финале.

Голден стејт по продолженија во „Оракл арена“ славеше со 124:114, а Кливленд испушти победа и покрај одличната игра на Џејмс кој натпреварот го заврши со 51 поен, и со по осум скокови и асистенции.

– Кливленд има кошаркар, кој игра на ниво на кое досега не се играло. Тоа што Леброн го прави е неверојатно. Не сум сигурен дека сум видел некој подобар од него, истакна Кер.

Џејмс на натпреварот постигна 45 отсто од вкупниот број на поени на неговиот тим, а освен Кевин Лав никој од неговите соиграчи не постигна двоцифрен број на поени.

– Соиграчите на Леброн се добри, тоа е квалитетна група на кошаркари, наведе Кер.

Вториот натпревар од финалната серија повторно се игра во Оукленд.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот