Тренерот на Голден стејт, Стив Кер, истакна дека не очекува Кливленд кавалирс да се предадат по поразот во првиот натпревар од финалната серија.
– Знам дека не станува збор за истиот тим на Кливленд, но и пред две години водевме со 3:1. Се чинеше дека се поразени, но тиe се вратија. Очекувам и овојпат да се борат до крај. Нема да се откажат. Сме биле во ваква ситуација повеќе пати. Кога го победивме Хјустон нагости во првиот натпревар сите сметаа дека рабоата е завршена, но не беше така. Премногу значење и се придава на првата победа, истакна Кер.
Тренерот на Голден стејт искажа пофални зборови за играта на најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс.
– Мораме да ги натераме да се потат повеќе. Се обидувам да ги истражам опциите за одбрана против Леброн. Тој беше одличен на првиот натпревар, а ние не си ја завршивме добро работата и не го исфрливме од зоната на сигурност, наведе Кер.
Џејмс натпреварот го заврши со 51 поен, и по осум скокови и асистенции.
Вториот натпревар од финалната серија се игра вечерва повторно во Оукленд.