Еден од најекстремните суперавтомобили на пазарот Кенигсег „Регера“, што беше претставен на Саемот на автомобили во Женева годинава, официјално се продава по цена од 2,1 милион евра, а првите испораки се закажани за 2016 година.
На германската платформа за продажба на автомобили „мобиле.де“ веќе се нуди „Регера“ за 2.100.010 евра, а во описот се наведува дека првите испораки се дури во декември 2016 година.
Кенигсег Регера е опремен со ДиректДрајв систем што комбинира 5,0 литарски В8 мотор со дополнителни три електромотори за вкупна моќност од над 1.500 коњски сили, се наведува во официјалното соопштение на шведскиот производител.
Компанијата го нуди и послабиот модел Агера РС по цена од 1.920.000 евра.