Кени: Ако беше опасно немаше да се дозволи да играме

Од:

Дефанзивецот на Шалке, Џонџо Кени, кој настапува за бундеслигашот како позајмен фудбалер од Евертон, смета дека продолжувањето на германското првенство 2019/20, претходно суспендирано поради пандемијата на коронавирус, не е опасно.

– Мислам дека ако не беше можно да се игра сега, немаше да ни дозволат. Не игравме два месеци, моравме да го чекаме вистинскиот момент. Чекавме додека сè не се смири. Јас им верувам на лекарите во клубот, ги следиме сите препораки. Во Шалке сите се многу среќни и со нетрпение чекаат да продолжи сезоната, рече Кени.

Германското фудбалско првенство ќе продолжи на 16 мај, Шалке ќе се сретне со Борусија Дортмунд во Рурското дерби.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра