Кавани во задолжителен карантин во Британија, може да дебитира за Јунајтед против ПСЖ

Од:

Новото засилување на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани, нема да може да дебитира за „црвените ѓаволи“ на следниот натпревар во лигата, на кој тимот гостува кај Њукасл. Причината за ова е тоа што Уругваецот нема да може да избега од задолжителниот карантин од 14 дена на кој се подложени оние што влегуваат од Франција во Велика Британија.

Во принцип, има исклучок за елитните спортисти и тие се ослободени од задолжителна самоизолација, но Кавани нема да може да го искористи ова право, бидејќи е слободен агент веќе неколку месеци, тврди Скај Спортс. Ова значи дека на 17 октомври, кога ќе се игра натпреварот со Њукасл, напаѓачот сепак ќе биде во карантин.

Три дена подоцна, сепак, Манчестер Јунајтед гостува на поранешниот клуб на Кавани – Пари Сен Жермен во натпревар од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Уругваецот ќе има право на настап на овој натпревар, но сигурно нема да биде целосно подготвен, бидејќи практично нема да тренира со своите нови соиграчи. Сепак, Оле Гунар Солскјер сигурно ќе го искористи фактот што Кавани исклучително добро го познава тимот на Томас Тухел.

Би можело да ве интересира

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ