ЖРК Вардар в сабота го игра последниот натпревар од првата групна фаза од Лигата на шампионите против австриски Хипо. „Црвено-црните“ се апсолутни фаворитки на овој дуел и поради тоа тренерот Кастратовиќ најави поголема минутажа за играчите кои почесто се на резервната клупа.
– Најтешко се играат натпреварите добиени однапред. Затоа се обидувавме оваа недела девојките да ги задржиме под тензија и да одработиме како што е потребно и да се фокусираме на дуелот. Јасно е дека шанса ќе добијат оние ракометарки кои на досегашните дуели имаа помала минутажа. Важно е и како ќе одиграме, бидејќи ова е последен дуел пред групната главна фаза и пред ракометарките да заминат на подготовки со своите репрезентации.
Сираба Дембеле изминативе натпревари беше една од подобрите во составот на Кастратовиќ
– Мора да победиме. Треба да одиграме добро, особено што од натпревар во натпревар играме се подобро. Победата е важна и за самодовербата.
Претседателката на клубот Гордана Нацева се осврна на досегашните настапи.
– Задоволни сме што со четири бодови ќе продолжиме во главната фаза и за тоа што не очекува таму. Секако ќе имаме и доволно време да се подготвиме и за продолжувањето од Лигата на шампионите,
Поради повредата добиена на последниот натпревар Сања Дамњановиќ сигурно нема да биде во составот. Потребен е посебен третман за нејзината повреда, но сепак не ставува збор за нешто посериозно.
Натпреварот ЖРК Вардар – Хипо се игра во сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека вториот дуел од 6.коло од групата Митјиланд – Ѓер играат во недела,
Табела: Ѓер 8 бодови, Вардар 6, Митјиланд 6, Хипо 0.