Катрин Цетел ја заврши кариерата

Од:

Австријката скијачка Катрин Цетел (29), носителка на бронзен медал од Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, реши да стави крај на професионалната кариера.

Цетел која има и светска титула во супревелеслаом во 2009 година, поради честите повреди реши да замине во пензија.

Катреин Цетел една деценија беше присутна во трките од Светскиот куп. Вкупно во кариерата возела 209 трки, а 50 пати се искачувала на победничкиот пиедестал, од кои девет пати на највисокото скалило.

Седум победи Австријката има забележано во велеслалом, а две во слалом, дисциплина во која на Светското првенство во 2011 година го освои сребрениот медал.

Предвременото заминување во пеннзија на Катреин Цетел ќе биде голем удар за австриската репрезентација, која во кус период остана без неколку респектибилни имиња. Покрај Цетел кариерата ја завршија Никол Хосп, Марлис Шилд и Андреа Фишбахер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ