Катар останува без СП 2022?

Од:

Постои можност на Катар да му биде одземена организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022 година и изборот на домаќин да биде повторен по избивањето на скандалот со купени гласови и манипулации во врвот на ФИФА.

Ова го тврди весникот „Спорт Билд“, кој објавува дека се очекува Етичката комисија на Светската фудбалска асоцијација да препорача повторување на изборот на домаќин по серијата нерегуларности.

Откако повеќе месеци траеја сомнежите дека богатото кралство во Персискиот залив со пари ја купило организацијата на Мундијалот, магазинот „Франс Фудбал“ минатата недела објави дека има докази за малверзациите, потврдувајќи го скандалот.

Во приказната се вплетени и поранешниот претседател на Фрација, Никола Саркози, кој наводно го наговарал актуелниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини да гласа за Катар, што потоа и било направено.

„Спорт Билд“ повикувајќи се на извори од извршниот одбор на ФИФА најавува повторување на изборот. Доколку се случи тоа, многу веројатно е дека за новиот домаќин нема да гласаат само членовите на ИО, туку претставниците на сите 209 членки на ФИФА.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони