Катар го намали буџетот за Светското првенство во фудбал

Од:

Домаќинот на фудбалскиот Мундијал во 2022 година Катар го намали буџетот за овој настан. Во образложението се истакнува дека тоа се прави од „финансиска одговорност“.

– Рано го донесовме буџетот и се обврзавме дека ќе го намалиме, кога состојбата на пазарот ќе биде појасна, изјави катарскиот функционер Хасан Ал Тавади.

Тој истакна дека Катар во кандидатурата навел дека планира изградба на 12 стадиона, а сега има предлог од осум, што е минимумот што го бара ФИФА. Иако, Светската фудбалска федерација се уште не дала потврда. Според тоа се очекува сега да бидат потрошени меѓу осум и десет милијарди долари.

Катар веќе чувствува финансиски последици од падот на цената на нафтата и гасот на светскиот пазар и веќе во некои области се воведени мерки на штедење.

Ако се случи ФИФА да го прифати предлогот на Катар, Мундијалот ќе се игра на најмал број стадиони по шампионатот во Аргентина одржан 1978 година, кога беа користени шест стадиони.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ