Кастратовиќ верува во успех против Ларвик

Од:

Со помош на публиката можеме да дојдеме до поволен резултат, против квалитетниот ривал. Ако ја повториме играта во одбраната од дуелот во Шпанија кога игравме цврсто и борбено, и ако одиграме во нападот трпеливо, дисциплинирано и агресивно, ќе може да се надеваме на успех, изјави Индира Кастратовиќ, тренерот на ЖРК Вардар на денешната прес-конференција во пресрет на мечот со Ларвик.

Според Кастратовиќ услов за добар резултат ќе биде способноста на „црвено-црните“ да ги спречат контрите на противничките кои се многу квалитетни и опасни. Таа тимот на норвешкиот претставник го спореди со ПСЖ и Барселона во машкиот ракомет.

За тренерот на „вардарки“ по исполнување на првата цел, а тоа е влез во групната фаза од Лигата на шампионите сега на ред е втората задача, а тоа е пласман во следната групна фаза.

Дали ќе се оствари оваа цел според Индира ќе зависи од следните три натпревари по дуелот со Ларвик, а тоа се двете средби со Подравка и реваншот со Бера Бера.

Натпреварот ЖРК Вардар – Ларвик е во рамките на 2.коло од Лигата на шампионите, ќе се одигра в петок во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 18 часот и 30 минути.

 

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска