Ракометарките на Вардар го претрпеа првиот пораз во Лигата на шампионите на домашен терен, откако претходните неколку сезони имаа неколку нерешни резултати пред својата публика. Разочарувањето во таборот на „црвено-црните“ беше големо.
На прес конференцијата тренерот Индира Кастратовиќ рече Ѓер на овој натпревар покажаа како се игра тимски, што ние не можевме. – Не одигравме ништо од тоа што се договоривме. Се надевам дека ова е само еден лош ден. Не одигравме ништо од договореното. Нема оправдување за денешниот натпревар. Дојде и публиката, едноставно нема оправдување. Сега треба да се подобриме, рече Кастатовиќ.
Јованка Радичевиќ со доза на самокритичност на пресот истакна дека работите не одеа ниту од почетокот како што посакувавме.
– Ова не беше ниту В од Вардар. Имаше и конфузија и не можевме да се вратиме. Нема оправдување. Сега треба да се подготвиме за следниот дуел, истакна Радичевиќ.
Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра на гости кај екипата на Хипо.