Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ синоќа одигра неизвесен дуел со европскиот вицешампион Ларвик, на крајот двете екипи освоија по еден бод (27:27).
– Честитки за освоениот бод и за моите ракометраки и за Ларвик. Имавме многу осцилации во играта, но успеавме да се вратиме во второто полувреме кога навистина личевме на екипа. Добро е ако од лошите работи од овој натпревар извлечеме поуки. Треба да жалиме што не победивме, но и да бидеме среќни што не загубивме дека во два наврати бевме во негатива од пет голови, реќе на прес конференцијата по натпреарот Индира Кастратовиќ, тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ.
Изненадување за противникот беше влегувањето во играта на македонската репрезентативка Билјана Црвенкоска, која не постигна гол, но создаваше проблеми на противничката одбрана.
– Жалам што не победивме. Но, да се игра со ваков противник не е лесно. Добро е тоа што од натпревар во натпревар играме се подобро и ќе можеме да очекуваме подобри резултати, истакна Црвенкоска.
И во редовите на гостинската екипа беа задоволни од исходот на натпреварот.
– Одигравме еден многу тежок натпревар. Во поголемиот дел од натпреварот водевме, но можевме и да загубиме. Затоа сме задоволни со освоениот бод. Вардар е квалитетен тим со добри ракометарки и мислам дека овие две екипи ќе бидат на двете први места и ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза, истакна Оле Густав Гјевик, тренерот на Ларвик.