Ракометарките на ЖРК Вардар синоќа ја постигнаа првата победа во главната фаза од Лигата на шампионите. Убедливо беше победена екипата на Крим од Словенија со 41:30. Задоволството во редовите на „црвено-црните“ беше големо.
– Знаев дека овие девојки го можат ова. Тие подготовките за овој дуел ги одработија максимално и прикажаа игра до префекција, особено по дуелот со Лајпциг (пораз). Благодарност и до навивачите, групата Комбат 87, кои не понесоа во натпреварот. Ова е мојот најдобар натпревар откако сум тренер на Вардар. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви игри, изјави Индира Кастратовиќ по дуелот со Крим.
Следниот натпревар ракометарките на Вардар го играат на 15.февруари на гости кај руската екипа Динамо Синара во Волгоград.
Фото: МИА