Кастратовиќ бара јавноста да не и врши притисок

Од:

Во ниту еден момент не кажавме дека оваа година ќе одиме на врвот на Европа. Пред нас се квалификациите за Лигата на шампионите и во моментов тие се за нас најголемиот предизвик. Кога ќе ги завршиме тогаш ќе разговараме за групите и за следните фази.

– Јас сакам да напредуваме чекор по чекор, истакна на денешната прес-конференција тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ Индира Кастратовиќ.

Таа знае дека нејзин приоритет како предуслов за понатамошни добри резултати и е да создаде „хемија“ меѓу многуте ѕвезди кои во преодниот рок дојдоа во Скопје.

– Секоја од нашите ракометарки е вистински професионалец и знае зашто е дојдена во Скопје. На почетокот најмногу внимание ќе посветиме да ја направиме екипата компактна, да биде тоа една целина, како една фамилија, изјави тренерот на македонскиот шампион.

Спонзорот на клубот Сергеј Самсоненко рече дека Вардар е засилен и повеќе од тоа што го планирал, а за амбициите и тој, како и Кастратовиќ не сакаше да ја каже крајната цел.

– Прво да ги поминеме квалификациите, а пота ќе видиме што понатаму. Тогаш доаѓа групната фаза и следните предизвици. Сега целта е да ги поминеме квалификациите и во тој момент ќе бидеме задоволни со тоа, потенцира Самсоненко.

На пресот Вардар ги претстави новите засилувања: Ана Ѓокиќ, Маја Зебиќ, Алисон Пино, Сираба Дембеле, Татјана Хмирова, Јулија Николиќ, Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ.

Според планот на подготовките, вардараки во Скопје ќе тренираат до понеделник. Од 22 јули до 2 август екипата ќе биде на подготовки на Златибор, а потоа повторно се враќа во Скопје. Од 12 до 21 август подготовките продолжуваат во Пореч, Хрватска, а оттаму екипата ќе замине на турнир во Ѓер, Унгарија (21-25 август).

Првиот официјален натпревар во новата сезона ЖРК Вардар СЦБТ ќе го одигра на 1 септември против Крим Меркатор во Љубљана во 1.коло од Регионалната лига.

На 14 и на 15 септември вардарки во Италија ги очекува настапот во квалификациите за Лигата на шампионите во групата со Салерно, Ростов-Дон и Флери Луар.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска