Картер: Нема да ја продадам душата за прстен

Од:

Винс Картер (43) е пример за имитација во НБА лигата.

За жал, големиот Винс,кој учествува во својата 22 НБА сезона, исто така наскоро ќе стави официјален крај на неговата кариера.

Во интервјуто за „Бличер рипорт“, Картер се спротивстави на мислењето за ветераните, кои на крајот на својата кариера бараат лесна титула.

– Јас нема да ја продадам душата за да добијам прстен. Она што сакам да кажам е дека на 43 години, сепак можам да се натпреварувам и да направам се што можам на теренот. Ако одам во друг тим, кој е подготвен да ја освои титулата, тоа не е гаранција дека ќе добијам време за играње. И јас не би се справил со тоа. Ја сакам премногу играта да седам на клупата и да не можам да ги користам моите вештини за паркетот, вели легендата

Картер е осумкратен учесник на „Ол стар“.

Во својата кариера одигра 1.481 дуели, со просек од 17,2 поени, 4,4 скока и 3,2 асистенции по натпревар.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он