Карпош Соколи поразен од Партизан

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа и четвртиот пораз во АБА лигата откако во дуелот од 4. коло на домашен терен беа совладани од белградски Партизан со 84:77. Резултат по четвртини: 20:22; 21:20; 20:20 и 16:22.

Решавачка беше последната четвртина која гостите од Белград ја добија, а притоа Карпош Соколи единствено во тој период постигна помалку од 20 поени. На стартот на последната четвртина Партизан водеше со поен предост – 62:61.

Најефикасен на дуелот беше Вилијам Хатчер со 21 поен, додека кај Карпош Соколи Драган Зековиќ постигна 15.

Ова беше претпоследниот натпревар од 4. коло.

Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродорм се единствените две екипи без победа, додека максимален учинок од четири победи имаат три екипи: Црвена Звезда, Будуќност и Партизан.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он