Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони, преку социјалните мрежи ја кажа заедничката желба што ја имал тој и неговите пријатели и кошаркарски ѕвезди Леброн Џејмс, Крис Пол и Двејн Вејд.
– Ние со Леброн, Пол и Вејд сонувавме да играме во ист тим, изјави Ентони.
Ентони, Џејмс, Пол и Вејд се познати како Банана брод тим. Нив почнаа да ги нарекуваат така по познатиот заеднички одмор и возење на „банана“ на Бахамите.
Токму на тој одмор Леброн го спасил Ентони кого при едно пливање морската вода почнала да го носи на отворено.