Крилото на Њујорк Кармело Ентони ја освои титулата за најдобар стрелец во НБА лигата оваа сезона.
Тој нема да игра против Атланта Хоукс и сезоната ќе ја заврши со просек од 28,7 поени по натпревар.
Втор е Кевин Дјурант со 28,1 поени, но ни тој нема да игра за Оклахома против Милвоки и со тоа оневозможено му е да се бори за четвртата титула најдобар стрелец во НБА лигата.
Дури и да играше, на Дјурент му беа потребни 70 поени во дуелот со Милвоки за да го достигне кармело.
За Ентони ова е прва титула најдобар стрелец во кариерата. Во сезоната 2006/07 тој имаше подобар просек од сега, 28,9 поени по натпревар, но тогаш најдобар беше Коби Брајант со 31,6 поени.