Кармело Ентони би можел да го пропушти „Ол-Стар“ натпреварот

Од:

Еден од најдобрите играчи на светот, и кандидат за МВП наградата, Кармело Eнтони би можел да го пропушти Ол Стар натпреварот.

Иако кошаркарот на Њујорк е избран во првата стартна петорка, можно е да не настапи во дуелот на ѕвездите во Хјустон, на 17 февруари. Наводно Ентони на вчерашниот натпревар со Торонто го повредил бицепсот.

Кармело вчера имаше очаен учинок. На паркетот помина 40 минути, за кои постигна само 12 поени, што е многу помалку од неговиот просек од 29 поени по натпревар.

„Имав чувство како нешто да не е во ред, рацете ми беа во грч“- изјавил Ентони по вчерашниот дуел со Торонто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ