Дури и оние кои не ги сакаат автомобилите на „Шкода“ дефинитивно ќе бидат во искушение да седнат во новата „Фабија“, чија внатрешност ја уреди полската компанија „Карлекс Дизајн“.
„Карлекс Дизајн“ целосно ја промени внатрешноста на „Шкода Фабија“, која едноставно е многу луксузна. Не се работи само за седиштата, туку и за инструмент таблата, панелите на вратите, централната конзола и воланот.
Се е пресвлечено со црна кожа, а контраст прави црвениот конец. Зборот „Birdman” со мотив на крилја, е сошиен на седиштата.
Ова едноставно мора да биде најскапа внатрешност на една „Фабија“, која поскапа дури и од самиот автомобил.