Кари со трипл-дабл го предводеше Голден Стејт до триумф над Лејкерс

Од:

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари постигна трипл-дабл во првиот натпревар на двете екипи од НБА сезоната 2021/22. Вориорс ги победија Лејкерс на гостински терен со 121: 114.

Кари натпреварот го заврши со 21 поен, 10 скока, 10 асистенции за осми трипл-дабл во кариерата.

Еден од најдобрите „снајперисти“ во историјата на лигата реализира пет од од 21 удари од поле, два од осум обиди за тројка и девет од девет слободни фрлања.

Најдобри кај Лејкерс беа Леброн Џејмс со 34 поени, 11 скока и пет асистенции, и Ентони Дејвис, со 33 поени и 11 скокови.

На другиот натпревар одигран ноќта вторник кон среда, бранителот на трофејот Милвоки бакс го совлада Бруклин нетс со 127:104.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ