Кари: Сезоната не е готова, ќе се вратам

Од:

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, вели дека проблемите со кои се соочува актуелниот шампион ќе ги направат уште посилен кога ќе почне плеј-офот.

Кари на последниот натпревар против Атланта го повреди коленото, па мораше да го напушти паркетот во третата четвртина. Ова беше прв натпревар за најдобриот играч на Голден Стејт по шест пропуштени поради проблеми со скочниот зглоб.

– Врз основа на она што ми го рекоа доволни се три недели како би се одредило до каде сум стигнал со заздравувањето. Важно е ментално да останам позитивен, потенцира Кари.

Тој нема да патува со тимот на последните пет натпревари, но ќе и се придружи на екипата во доигрувањето за титулата.

– Фрустрирачки е. Работев напорно во изминатите недели со цел да се вратам во завршницата на регуларниот дел на првенството, нагласува кошаркарот на Голден Стејт.

Кари пред две години се повреди на првиот натпревар од плеј-офот против Хјустон и ги пропушти следните четири натпревари.

– Не беше исто… Смешно е што сега можам да се шегувам на таа сметка. Сега би било добро да се вратам на теренот. После повредата не чувствував дека сезоната ми е завршена. Ќе се вратам! Ништо нема да не одалечи од конечната цел, а тоа е одбрана на трофејот. Кога ќе ги погледнеме сите проблеми кои ги имавме, можеме дури и да се насмееме. Пред се затоа што тие не направија само посилни. Кога момците ќе почнат да се враќаат на теренот, сето ова ќе можеме да го искористиме како наша предност, потенцира Кари.

Покрај него во екипата на Вориорс повредени се и Кевин Дурент, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, што претставува дополнителен проблем.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот