Каратистот Недев ќе учствува на семинар со Сенсеи Јошинобу Охта

Од:

Каратистот Дејан Недев од 1 до 4 февруари 2018 година ќе учествува на ЈКА карате семинар со Сенсеи Јошинобу Охта 7 дан, главен инструктор на ЈКА за Велика Британија.

Сенсеи Охта во моментов важи за еден од најдобрите светски карате инструктори со извонредна чиста и висока карате техника кој долги години му беше главен асистент на прославениот сенсеи Касуке Еноеда.

Дејан Недев исто така ќе одржи и свој карате семинар на помлади каратисти од неколку карате клубови во Лондон кој се натпреваруваат во традиционално карате и се членки на светската федерација ИТКФ.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје