Каратистките на Макпетрол заминуваат на „Парис Опен – 2018

Од:

Каратистките на КК Макпетрол – Скопје ќе земат учество на првиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига во Парис, Франција од 18-21 Јануари 2018 година.

По новите правила што ги наметна Светската карате федерација, за прв пат на турнирот ќе настапат најдобрите светски каратисти по рејтингот што го имаат на светската ранг листа и тоа само прворангираните 64 учесници во секоја тежинска категорија и поединечно во дисциплината кати.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека каратистките одат подготвени на турнирот и додаде дека ова за нив претставува почеток на новата сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега.

„Ние сме спремни и подготвени да ги прифатиме сите предизвици. За да ги подготвиме максимално спортистите на самиот почеток на годината,на два наврати, направивме подготовки во Маврово. Оваа година ќе биде најнапорна до сега, бидејќи ако сакаме сериозно да се приклучиме и да имаме шанса да оствариме Олимписка норма, мораме да бидеме присутни на турнирите кои се критериумски во однос на освојувањето бодови за пласман на светската ранг листа на најдобри каратисти. За Парис ќе заминат најдобрите сениорки: Сара Радичевска – 50 кг, Симона Заборска – 55 кг, Наташа Стефановска – 61 кг и Моника Стефановска – 68 кг.“ – заврши Заборски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје