Почитувани, Викендов во Скопје во организација на Македонската карате Федерација, се одржа Меѓународниот турнир во карате „Трофеј на Македонија,,Учесници на турнирот беа квалитетни спортисти од официјалните репрезентции на: Турција, Словенија, Бугарија, Косово, Албанија и комплетната сениорска репрезентација на Македонија.
Каратистите на скопски Макпетрол, стандардни репрезентативци во сениорската репрезентација, на овој турнир успеаја да освојат вкупно седум медали, од кои 1 (една) златна, 5 (пет) сребрени и 1 (една ) бронзена медала.
Освојувачи на медали се :
1. Анѓела Мојсовска златен медал категорија -68 кг
2.Наташа Стефановска сребрен медал -61 кг
3.Моника Пендаровска сребрен медал -55 кг
4.Давид Петков сребрен медал -67 кг
5.Петар Заборски сребрен медал -75 кг
6.Петар Спасеновски сребрен медал -84 кг
7.Моника Стефановска бронзен медал -68 кг
Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски изјави:
„Ова беше последно учество за оваа година, каде што ние како клуб, сега во состав на Македонската карате репрезентација земавме учество и настапивме на Меѓународниот карате турнир „Трофеј на Македонија“.
Нашите сениори на крајот на сезоната, уште еднаш имаа успешно претставување и направија многу квалитетни борби. Имавме успешна контрола и настап со вкупно шес финалиња и тоа само зборува дека во моментов сме квалитетен спортски колектив со големи потенцијали во сениорска конкуренција. Многу лесно можевме да имаме и повеќе златни медали, но најважно за нас е тоа што во овој дел од периодизацијата ја задржуваме висината на спортската форма која е задоволителна. Спортистите нема многу да одмараат одма во месец Јануари имаат два важни турнири еден во Хрватска на Кроација опен, и потоа заминуваат за турнирот од Светската премиер карате лига во Париз, Франција“, заврши Заборски.