Каратистите на Макпетрол освоија 15 медали на „Аранѓеловац опен 2013“

Од:

Каратистите на Макпетрол освоија вкупно 15 медали од кои, седум златни, три сребрени и пет бронзени медали, на интернационалниот карате турнир одржан викендов во Аранѓеловац (Србија).

На овој турнир освен од Македонија и домаќинот Србија учествуваа и натпреварувачи од Црна Гора.

Во Генерален пласман Макпетрол успеа да го освои третото место.

Златни медали освоија: Симон Антиќ У21 +78 кг, Емануел Ристевски, јуниор, +76 кг, Којовска Ива -47 кг, Тодоровски Стефан -57 кг, Мојсовска Ангела, кадетка -54 кг, Екипата во борби за мажи и за жени.

Сребрени медали освоија Димитриевиќ Никола, јуниор, -61 кг, Таневски Игор, јуниор -68 кг, Крстевска Кристина, јуниорка, +59 кг.

Со бронзи се закитија; Сара Радичевска У21 -53 кг, Симона Заборска У21 -60 кг, Петар Заборски, кадет -70 кг, Орхан Билали, јуниор -76 кг, Давид Јовевски, У21 -78 кг, Мики Стојмановиќ, јуниор +76 кг, Селена Таушанова -54 кг и Пендаровска Моника, кадетка, -47 кг.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска