Каратистите од карате клубот Макпетрол – Скопје викендов ќе учествуваат на два интернационални натпревара. Првата група од седум млади каратисти денеска отпатува за Славонски Брод, додека втората замина на меѓународниот турнир кој го организира Хрватската карате федерација.
Македонските сениорски репрезентативци кои се членови на Макпетрол, викендов пак во Охрид ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското сениорско првенство кое преставува последна контрола за сениорите пред Светското првенство во Бремен, Германија.
На Балканското ќе учествуваат 12 држави: Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Албанија, Грција, Кипар Турција и Македонија, кои во секоја тежинска категорија имаат право да пријавуваат по четворица каратисти спортисти.