Каратистите на Макпетрол ги завршија еднонеделните подготовки во Маврово

Од:

Каратистите од клубот Макпетрол ги завршија еднонеделните подготовки кои се реализираа во Маврово.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека овој собир има голема важноста за каратистите да останат во натпреварувачка форма.

– Моравме да се одлучиме на ваков чекор веднаш на почетокот на новата година, бидејќи не смеевме да дозволиме спортистите да се опуштат за време на празниците кои беа во овој временски период. Во овој момент ние сме поделени на два фронта, првично треба да ги подготвуваме нашите кадети, јуниори и постари јуниори за еден од најсилните европски турнири „Кроација Опен 2017“ планиран за периодот 13 -15 Јануари во Самобор. По календарот на КФМ, овој турнир е изборен и квалификациски за состав на кадетско-јуниорската репрезентација, која треба да настапи на претстојното европско првенство, кое треба да се одржи во втората недела на месец фебруари во Софија, Бугарија.

За сениорите пак подготовките имаа исто така голема важност, бидејќи не очекува Државното сениорско првенство кое е закажано да се одржи во првата недела на месец март и потоа следи Балканското првенство за сениорите како и настап на Премиер карате лига во Холандија, Ротердам, истакна Заборски.

Тој додаде дека веднаш по завршување на турнирот во Хрватска, ќе се реализира и вториот дел од зимските подготовки.

– Макпетрол секоја година посветува големо внимание на подготвеноста на своите спортисти и затоа е најтрофеен Македонски карате клуб. Се надеваме дека и во 2017 година ќе бележиме спортски успеси и ќе ја радуваме македонската спортска јавност со постигнување на врвни резултати, изјави тренерот на Макпетрол.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје