Македонските каратисти членови на клубот Макпетрол, ги започнаа подготовките за претстојното Европско универзитетско првенство кое треба да се одржи во Куимбра , Португалија.
Селекторот Бошко Заборски информира дека репрезентацијата ќе се подготвува во Црна Гора.
– Оваа година за прв пат на ова првенство ќе бидат здружени сите боречки Олимписки спортови, тоа значи дека каратето, џудото и теквондото ќе бидат на натпреварувачките програми на ова Европско првенство. Ние одлучивме подготовките да ги направиме во Црна Гора, поточно во Бар и Суто Море. Тренираме по два пати дневно, стадионот во Бар ни ги дава сите потребни услови за добра подготовка. Каратистите одлично се чувствуваат и се надеваме дека во следните десет дена во целост ќе ја оствариме предвидената програма.
Европското првенство ќе се одржи последната седмица од овој месец.
На подготовките учествуваат:
Петар Заборски -75 кг
Сара Радичевска -50 кг
Симона Заборска -55 кг
Наташа Стефановска -61 кг
Моника Стефановска -68 кг
Исто така со екипата се и Моника Пендаровска, Анѓела Мојсовска и Петар Спасеновски.