Каратистите ги очекува настап на Европското првенство во Турција

Од:

Македонската карате репрезентација во периодот од 4 до 9 мај ќе настапи на Европскиот шампионат во турскиот град Коџаели, каде се очекува да учествуваат преку 400 натпреварувачи од 44 земји.

На прес-конференцијата организирана во просториите на Агенцијата за млади и спорт свое излагање имаа директорот на АМС Марјан Спасески, селекторите Петар Белистојаноски и Стојан Андриевски како и нашите најдобри каратисти Емил Павлов и Моника Стефановска.

– Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава финансиска поддршка за системот на натпревари, подготовки, како и за меѓународни настапи на нашите карате репрезентативци. Само по првата распределба карате федерацијата на Македонија доби 2,3 милиони денари, од кои 300.000 денари за настапот во Турција, истакна Спасески.

За текот на подготовките и за очекувањата зборуваше селекторот Белистојаноски.

– Подготовките одржани во Сараево, како и контролните натпревари со Унгарија, БиХ и Црна Гора го потврдуваат високото ниво на спремност на репрезентација, што ми дава за право да размислувам за медал на претстојното натпреварување.
Македонската репрезенатација ќе брои 14 натпреварувачи во борби, меѓу кои: Емил Павлов, Димитар Илиевски, Енес Смајлагиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Виктор Крстевски, Петар Заборски, Сара Радическа, Јована Георгиева, Сара Крстевска, Моника Стефановски, Драгана Тодорова и Наташа Стефановска. Во кати ќе настапат Поликсенија Јовановска и Фери Исиќ, изјави Белистојаноски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје