Карате шампионите Јовановиќ и Мицовска утре заминуваат на Европското карате првенство во Финска

Од:

Кривопаланечките карате шампиони, актуелни прваци во својата конкуренција утре заминуваат на Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Тампере, Финска. Вукашин Јовановиќ е петкратен шампион во својата конкуренција, а е актуелен државен првак во кадетска конкуренција до 63 килограми, а Јована Мицовска е актуелен државен првак во јуниорска конкуренција до 58 килограми.

Двајцата ги бранат боите на матичниот клуб КК „Шампион“, каде работат под менторство на тренерите Жарко Ангеловски и Стевче Христовски.

– Тренинзите и макотрпното вложување од мои пет години досега ме водат кон остварување на големиот сон, да се биде дел од големо Европско првенство во име на националната репрезентација. Гордост и чест е да се биде дел од тимот каратисти што ќе ги брани државните бои во Тампере и се надевам дека ќе донесеме медали за нови државни успеси. Индивидуалниот спорт е многу комплексно да се практикува, треба многу вложување, од исхрана, опрема, до средства за котизација, учество и патување, и за други првенства и турнири, досега, што паѓаат на товар на семејството, а и сега пред Европскиот настап, за што многу голема благодарност упатувам до оние што директно ме поддржаа, генералниот спонзор ГДР Компани и директорот Ненад Коцевски, како и на Советот на Општина Крива Паланка, рече Јовановиќ.

Тој вети дека ќе даде сѐ од себе за да ја оправда довербата и на тренерите и на поддржувачите. Поддршка, како што рече, добивме заедно како кривопаланчани и јас и Јована, а во оваа прилика се заблагодарувам и на моите родители кои се постојано покрај мене и ме мотивираат да успеам.

Карате федерацијата исто така покрива 20 отсто од вкупниот износ за учество на првенството, а за конечно остварливо учество на Јовановиќ и Мицовска помогнале и повеќе добри луѓе од градот.

Вукашин Јовановиќ и Јована Мицовска ќе бидат дел од триесетчлената делегација каратисти и каратистки кои ќе заминат рано изутрина на Европскиот собир.

Јовановиќ е освојувач на бронзен медал на Балканско првенство во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје