Карате клубот „Урбан Инвест” од Кавадарци освои 13 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали, со што се пласираше на првото место од вкупно 37 клубови на меѓународниот натпревар „Тетово опен 2014 година” кој вчера се одржа во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн” во Тетово, информираше денеска во Кавадарци, тренерот на клубот Ивана Аврамова.
– На натпреварот учество земаа 318 натпреварувачи од 37 клубови од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Покрај пласманот на првото место по број на освоени медали, карате клубот „Урбан Инвест” доби пехар за најбројна екипа на натпреварот, соопшти Аврамова.
Таа нагласи дека радува фактот што се повеќе млади одлучуваат своето слободно време да го поминуваат со учењето на вештините на каратето како спорт.