Кошаркарот Кармело Ентони ќе ја продолжи кариерата во Хјустон Рокитс.
Американските медиуми објавија дека 34-годишниот кошаркар ќе го раскине договорот со Атланта Хоукс и ќе стане слободен играч.
Иако за неговите услуги се интересираа уште неколку клубови, Кармело го избрал Хјустон поради амбициозноста на проектот. Тој се согласил да потпише едногодишен договор за плата од 2,4 милиони долари.
Карамело минатата сезона ја заврши со просек од 16,2 поени по натпревар, што е најлош резултат во неговата кариера.