Италијанецот Фабио Капело ја прекина соработката со Рускиот фудбалски сојуз (РФС) по заедничкиот договор, а како причина се наведуваат слабите резултати на „зборнаја“.
Капело се наоѓаше на чело на руската репрезентација од 2012 година и требаше да остане на селекторската позиција најмалку до завршувањето на Мундијалот 2018, но три години порано тој ја напушта Русија.
– Рускиот фудбалски сојуз му се заблагодарува на Фабио Капело за ангажманот во изминатите години и му посакува успех во понатамошната професионална кариера, се вели во соопштението на РФС.
Како компензација за предвременото раскинување на договорот Капело ќе добие 15 милиони евра.