Легендарниот голман на Баерн Минхен смета дека оваa сегашна генерација на „Баварците“ е најдобрата која ја имала клубот во нивната историја.
Одличните игри на Баерн оваа сезона во Будел лигата и Лигата на шампионите, гo импресионира некогашниот чувар на мрежата на овој клуб, и вели дека никогаш не играл со толку доминантен тим како овој.
„Играв 14 години во Баерн, но не запамтив толку квалитетна и доминантна екипа како денешната. Дефанзивците се одлични, а во нападот имаат неверојатни опции. Феликс Магат беше сосема во право кога изјави дека ова е најдобрата генерација на Баерн во историјата“ – истакна Кан.
Тој вели дека во актуелната сезона допрва доаѓа ерата на „Баварците“.
„Мислам дека во следните сезони трката за титулата во Бундес лигата ќе биде досадна, а кога е во прашање тековната сезона уверен сум дека тие можат до тројната круна“- заклучи легендата на Баерн.